Дебито на Роналдо за Јувентус ќе се пренесува во живо на Фејсбук

800

Дебито на петкратниот добитник на „Златната топка“, Кристијано Роналдо за италијанскиот шампион Јувентус ќе може да се следи во живо и на Фејсбук.

„Илеван Спортс“ соопшти дека постигнал договор за иновативно партнерство со социјалната мрежа и ќе емитува бесплатен стриминг. Еден од првите натпревари кои ќе се пренесуваат директно е гостувањето на „бјанконерите“ во Киево на 18 август од 18:00 часот.

– Нашиот избор ќе ги вклучува најголемите клубови во Шпанија и Италија: Реал Мадрид, Барселона, Јувентус, Наполи, како и најдобрите играчи – Лео Меси, Кристијано Роналдо и Антоан Гризман, соопшти „Илеван Спортс“.

Компанијата додава дека најмалку еден натпревар неделно од шпанската Ла Лига и италијанската Серија „А“ ќе бидат пренесувани на нивната страница на Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...