Најмалку две лица загинаа, а 14 се повредени кога два воза се судрија доцна синоќа во Германија, објави националната железничка компанија. Несреќата во која се судрија товарен и патнички воз во јужна Германија се случила на линијата помеѓу Инглоштат и Аугзбург во Баварска.
– Некои се сериозно повредени, а други имаат полесни повреди -изјави портпаролот на Германските железници.
Неепознато е дали сигналните уреди биле правилно поставени.
Можните причини за несреќата засега се непознати.
ФОТО: јутјуб