Прва продавница без пластика

Неодамна во Амстердам во големиот супермаркет Ekoplacе отворен е првиот оддел во кој ниту еден продукт не е спакуван во пластична амбалажа.

299

Купувачите во овој голем супермаркет во Амстердам можат да бираат помеѓу повеќе од 700 артикли, вклучувајќи цереалии, чоколадо, млеко, овошје, ориз, зеленчук, јогурт и грицки кои се спакувани во природни материјали – или биоразградливи супстанции, или картон, стакло и метал – наместо пластика. (И овие други материјали се погодни за рециклажа).

Директорот на Ekoplace, Ерик Доес изјавил дека „ние знаеме дека на нашите купувачи им се смачени производите спакувани во слоеви од дебела пластична амабалажа“, и додал дека вакви оддели без пластика се важен чекор во иднината на продажбата на храна, како и дека овој синџир кој поседува 74 големи супермаркети, до крајот на оваа година има намера да воведе вакви оддели во сите свои продавници.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...