Даница Поповиќ-Моневска нова директорка на Клиниката за максилофацијална хирургија

За в.д. директори се именувани:- Насер Муареми, в.д. организациски директор во ЈЗУ Универзитетска клиника по кардиологија- Џемиле Јусуфи, в.д. медицински директор во ЈЗУ Универзитетски институт по клиничка биохемија

240

Министерството за здравство информира дека по објавените јавни конкурси за именување директори во јавни здравствени установи, заклучно со вчера (6.11) се назначени нови директори во следните две установи:

– Универзитетска клиника за детски болести, на местото на досегашниот директор-Катарина Ставриќ, за нов медицински директор се именува – Наташа Најдановска-Алулоска.

– Универзитетската клиника за хирургија на лице, вилици и врат-максилофацијална хирургија, на местото на досегашниот директор, Славе Наумовски, за нов медицински директор се именува – Даница Поповиќ-Моневска.

Во останатите јавни здравствени установи, кои беа опфатени со овој конкурс, за директори се именувани досегашните вршители на должност.

Исто така, за в.д. директори се именувани:

– Насер Муареми, в.д. организациски директор во ЈЗУ Универзитетска клиника по кардиологија

– Џемиле Јусуфи, в.д. медицински директор во ЈЗУ Универзитетски институт по клиничка биохемија

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...