Грците ја испратија македонската химна со аплауз ВИДЕО

4578

Во тек е натпреварот помеѓу ракометните репрезентации на Македонија и Грција, кој се игра во Кожани.

Во максимално коректна атмосфера тече мечот од квалификациите за Европското првенство. На почетокот на дуелот, македонската химна беше проследена со аплаузи од грчката публика.

Мечот беше проценет од висок безбедносен ризик, па во публика имаа право да влезат само поканети од грчката ракометна федерација.

Инаку, ракометарите од двете репрезентации се сместени во ист хотел.

Видео од македонската химна може да се погледне на ЕКИПА.МК.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...