Напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман призна дека сонува да ја освои Лигата на шампионите.
– Сите сонуваат да ја освојат Лигата на шампионите. Сонувам и јас и тоа многу. Моја задача е да придонесувам за победи на тимот, тоа важи и за следната средба. Се надевам дека вечер ќе имаме добро издание и со помош на нашите навивачи на крајот сите заедно ќе се радуваме – изјави Гризман.
Во 2. коло од групната фаза во ЛШ, Каталонците вечер од 21 часот на домашен терен ќе се соочат со Интер.
ФОТО: EPA / Enric Fontcuberta