Барселона и официјално го објави трансферот на Антоан Гризман.
Каталонскиот клуб ја плати клаузулата од 120 милиони евра за францускиот стрелец и го ослободи од договорот со Атлетико Мадрид.
Вкупно 20 отсто ќе одат во касата на претходниот клуб Реал Сосиедад – 24 милиони евра.
Дваесет и осум-годишниот напаѓач ќе потпише петгодишен договор со „Лос Кулес“ и неговата нова откупна клаузула ќе изнесува 800 милиони евра.
⚠ All the details about @AntoGriezmann, new Barça player
🔵🔴— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 12, 2019