Грета Тунберг го нападна Федерер, тенисерот и одговори ФОТО

Швајцарецот сигурно не се надевал на овие критики, но одлучил да ѝ одговори на младата Грета.

6640
ФОТО: EPA / PETER FOLEY

За Грета ТУнберг, девојчето кое жестоко се залага за борбата против климатските промени, зборува и пишува целиот свет. Тинејџерката честопати ги критикува славните личности.

Овој пат, на нејзина мета за критикување се најде и тенисерот Роџер Федерер. Грета му упати прекор бидејќи меѓу неговите спонзори има компании кои го загадуваат воздухот.

Швајцарецот сигурно не се надевал на овие критики, но одлучил да ѝ одговори на младата Грета.

– Многу е важно да ги избираш вистинските мети за критики на кои ќе им ги пренесеш вистинските пораки на коректен начин, а не само да напаѓаш луѓе – и одговорил Федерер.

Тој додал дека често е мета на неоправдани критики.

– Мојата популарност е злоупотребена. Ако му помогнам некому, ме критикуваат зошто не сум им помогнал на другите. Но, јас не можам да бидам насекаде, ниту да правам сè. Јас сум татко и тенисер – порача Федерер.

ФОТО: Твитер/Принтскрин

ФОТО: EPA / PETER FOLEY

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...