Грандиозен пречек за „Ватрените“ во Загреб ВИДЕО

341

Хрватската фудбалска репрезентација го освои второто место на Мундијалот во Русија, а по враќањето во Хрватска на фудбалерите им беше приреден величествен пречек.

Веднаш по слетувањето на аеродромот во Загреб ги пречeкаа стотици граѓани, но и долж целиот пат по кој требаше да помине автобусот со фудбалерите.

Но главниот настан ќе се одржи на централниот плоштад „Бан Јосип Јелачиќ“, каде десетици илјади граѓани во одлична атмосфера со навивачки песни и знамиња ги чекаат своите фудбалски јунаци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...