Градинките и дневните центри прекинуваат со работа, бремените жени и хронично болните да останат дома

382

Министерството за труд и социјална политика(МТСП), согласно заклучоците, мерките и препораките на владата ја известува јавноста дека  следните 14 дена ќе биде прекинат воспитно–образовниот процес и наставата во сите детски градинки, центрите за ран детски развој како и во дневните центри на територијата на Македонија, а вработените лица во овие институции ќе бидат ослободени од работа, соопшти Министерството за труд.

– За спроведување на оваа мерка се задолжуваат сите државни институции и јавните претпријатија основани од државата, општините, ЈП и другите правни лица основани од општините и се препорачува на приватниот сектор, еден од родителите на децата до 10 години, што ќе бидат ослободени од обврската да одат во градинките или да ја следат наставата, да бидат ослободени и од обврската да ги извршуваат работните обврски и нивното отсуство за време на овој период да биде евидентирано како оправдано од работодавачот.

Се задолжуваат сите државни институции и јавните претпријатија основани од државата, им се укажува на општините, ЈП и другите правни лица основани од општините и се препорачува на приватниот сектор, времено да ги ослободат од работа и работни активности бремените жени и хронично болните лица.​

Дополнително, на возрасните и повисокоризичните категории на граѓани со хронични болести им се препорачува да го намалат движењето и да го избегнуваат јавниот превоз, соопшти Министерството.

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...