Момчето кое на 13 години тврдеше дека е најмладиот татко во Велика Британија, израсна во насилник кој денес за влакно избегна затвор, пишува британски „Дејли мејл“.
Алфи Патен своевремено изјави дека на својата девојка Шантел Стедман, која се породила на 15 години, ѝ направил бебе. Меѓутоа, со ДНК-анализата беше утврдено дека таткото е, всушност, друго момче кој бил на нејзини години.
Патен денес има 23 години, а вчера се појавил на суд откако пијан дивеел уништувајќи автомобили и имот.
Се дознало дека тој денес е алкохоличар без работа, живее со мајка му и има долга историја на кривични дела.
Една затворска казна од 24 месеци му висела над глава откако на 14 јуни бил осуден за кражба и поседување имитација на огнено оружје.
Хана Харлеј изјавила пред судот дека Патен пијан шутнал комбе и го оштетил, а потоа ја пробил оградата врескајќи на постар сограѓанин.
На крај тој добил условна казна, бидејќи одбраната тврдела дека има проблем со алкохолот.
FOTO: Printskrin/Jutjub