Зошто децата повеќе не ги почитуваат родителите?

„Можете вие да му зборувате што сакате, но дури кога вашиот син ќе доживее ситуации во кои неговиот татко знае повеќе од него самиот, во кои неговиот татко може да направи повеќе, подобро, во кои ќе ја покаже својата интелигенција, својата мажественост, во кои своето дете навистина ќе го научи нешто, дури тогаш ќе научи да го почитува“.

362

Денешните деца дефинитивно не знаат да покажат исто ниво на почит кон своите родители – барем не такво какво што нашите генерации мораа да покажуваат кон своите, за претходните генерации и да не зборуваме. Тоа е воедно и еден од многу важните показатели за тоа каде сите ние како општетство одиме – се стрмоглавуваме во оттуѓениот свет, а наводно, за децата се грижиме повеќе од кога и да е.

Токму во тој контекст, околу непочитувањето на родителите, е и прашањето кое едни родители му го поставиле на познатиот украински педијатар доктор Еуген Комаровски: „Нашиот постар син кој има 7 години често се однесува кон нас безобразно, без ниту малку почит, на својот татко често му одговара и се однесува надмено кон него. Ве молиме кажете ни што да правиме, како да го смениме?“

Доктор Еуген Комаровски кратко им одговорил:

„Ако сакате вашиот син малку повеќе да го почитува татко си, тоа нема да го добиете во теорија. Можете вие да му зборувате што сакате, но дури кога вашиот син ќе доживее ситуации во кои неговиот татко знае повеќе од него самиот, во кои неговиот татко може да направи повеќе, подобро, во кои ќе ја покаже својата интелигенција, својата мажественост, во кои своето дете навистина ќе го научи нешто, дури тогаш ќе научи да го почитува“.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...