Глуждот на Нејмар страда од стилот на игра

185
ФОТО: EPA / JULIEN DE ROSA

Лекарот на бразилската репрезентација, Родриго Ласмар, смета дека постојаните проблеми на Нејмар со неговиот десен глужд се должат на неговиот стил на игра.

– Кршењето на метатарзалната коска и исчашувањето на зглобот на глуждот немаат директна врска меѓусебно. Сепак, тие доаѓаат од истите дејства. Прво, тој ја скрши метатарзалната коска и ги оштети лигаментите на зглобот. Сега, со истото движење, со лошата среќа и неговиот стил на игра … тој е фаулиран, се штити, се обидува да ја избегне повредата и завршува со исчашен глужд. Овој пат ништо не се случи со неговата коска, но тој има проблем со лигаментите – рече Ласмар за „Глобоеспорте“.

ФОТО: EPA / JULIEN DE ROSA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...