Еден од најдобрите светски фудбалери, асот на Јувентус, Кристијано Роналдо пред два дена го прослави 35-иот роденден.
На социјалните мрежи активна беше и неговата свршеница Георгина Родригез која се пофали како му го честитале роденденот на својот сакан.
Георгина на својот свршеник му купила подарок, за каков сонуваат многу мажи. Кристијано од својата избраничка доби нов скапоцен автомобил џип. Станува збор за луксузен џип теренец „мерцедес АМГ Г 63“, кој чини 180.000 евра.
Под видеото на кое Герогина му го покажува џипот на Кристијано, таа напиша:
„Честитки на човекот на мојот живот.“
ФОТО: Инстаграм