Иако работевте во сенката на претседателските избори, ви честитаме на преданоста и професионалниот однос на сите вас кои бевте дел од кампањата на Михаил Трендафилов-Нанче и овозможивте и тој и Граѓанско Демократската Унија да бидат претставени во најдобро светло пред охриѓани, им се заблагодари ГДУ на приврзаниците, членовите и симпатизерите.
– Посебно сме задоволни од нашиот кандидат за градоначалник на Охрид, кој несебично се вложи себеси во оваа кампања и покажа дека се може и поинаку, може и подобро. Колку и некому да му изгледа „скромен” изборниот учинок на Михаил Трендафилов-Нанче и ГДУ, тоа не го менува фактот дека тој резултат е надеж за промени, би додале и невообичаено сериозни промени. Граѓаните одбиваат да бидат статисти во политичките процеси контролирани од „политичките елити”. Затоа резултатите од оваа кампања ги сфаќаме сериозно и благодарно, особено што ова беше самостоен настап на ГДУ, двајцата водечки кандидати зад себе имаат редици и редици од „партии”. соопшто ГДУ.