Вучиќ за референдумот во Македонија: Светот ги потценува балканските народи

661
ФОТО: EPA/DJORDJE SAVIC

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Москва, во врска со референдумот во Македонија, изјави дека не сака да се меша во внатрешните работи на некоја земја, но дека Европа мора да биде поодговорна, јави Б92.

– Не е мое да се мешам во внатрешните работи на една суверена земја. Се плашам и сметам дека некои луѓе од светот не потценуваат нас балканските народи и мислат дека можат се. Мислат ќе видиме ако може со народот, а ако не тогаш нема со народот, ќе пробаме со притисок врз пратениците. Ако не може ни тоа, не е важно, тоа мора да биде така – рече Вучиќ.

Претседателот на Србија рече дека го почитува договорот меѓу Грција и Македонија.

Тој побара од Европа и светот да покажат почитување кон малите народите и оцени дека смета оти не може да се игнорира што мисли народот.

Фото: EPA/DJORDJE SAVIC

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...