Државната изборна комисија во едно избирачко место во општина Ѓорче Петров откри три гласачки ливчиња повеќе во кутијата од бројот на гласачи. Тоа се случило на избирачкото место 2564, каде гласале 405 избирачи, а во кутијата имало 408 ливчиња.
ДИК поради ова го разреши избирачкиот одбор и донесе одлука да се поведе дисплинска постапка за членовите.
ДИК донесе одука и за селото Габер, општина Студеничани каде вчера над три часа не се спроведуваше гласање.Таму, ќе се гласа во вториот круг на 5 мај.