Во сообраќајна несреќа загина Благоја Георгиевски-Буштур

781

Македонската кошаркарска легенда Благоја Георгиевски – Буштур синоќа го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа во скопската населба Кисела Вода.

Поради лизгавиот коловоз Буштур загубил контрола над возилото со кое управувал, излетал од патот и удрил во бетонски блок.

Благоја Георгиевски, роден на 15 октомври 1950 година во Скопје, долги години беше член на „Работнички“. Со успех настапуваше и за југословенската репрезентација со која има сребрен медал на Европското првенство 1971 година. Има и сребрен медал од Олимпијадата во 1976 година. Во независна Македонија беше селектор на сениорската репрезентација, тренер во неколку клубови, а подоцна и истакнат спортски работник.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...