Поранешниот шпански репрезентативец Хозе Антонио Рејес загинал во сообраќајна несреќа околу 12.40 часот на влезот на своето родно гратче Утрера, објавија шпанските медиуми, а веста потврдија од Севиља, чиј долгогодишен играч беше Рејес. Се уште не е позната причината за несреќата, во која и неговиот братучед, Џонатан Рејес, исто така, почина.
Триесет и петгодишниот Рејес го носеше дресот на Екстремадура, а во богатата кариера настапувал и за Севиља, Кордоба, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Еспањол, Арсенал и Бенфика.
За Шпанија има 21 натпревар и 4 гола, а на клупско ниво забележа 646 натпревари со 95 гола.