Во САД започната истрага против Златан Ибрахимовиќ (ВИДЕО)

1086
ФОТО: EPA / JULIEN WARNAND

Раководството на МЛС Лигата започна истрага за инцидентот од натпреварот помеѓу градските ривали Лос Анџелес Галакси и ФК Лос Анџелес (3:2) пред три дена, при кој шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ го удри со лакт и му ја скрши јаболчната коска на противнички играч.

Повредениот е Мохамед Ал Монир, кој по ударот заврши со дупка во лицето. Тој ќе мора да се подложи на операција и ќе биде надвор од теренот до крајот на сезоната. Американските медиуми објавија дека Ибрахимовиќ може да биде казнет по прегледувањето на видео снимките.

Оваа сезона, легендарниот Швеѓанец има 17 натпревари во МЛС со 16 гола и 3 асистенции.

ФОТО: EPA / JULIEN WARNAND

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...