ВМРО-Народна бара јавно да се каже кој ја утнал работата на патот Кичево – Охрид

465

ВМРО-Народна партија реагира на дискусијата за склучувањето на трет анекс-договор за дополнително финансирање на изградбата на автопатот Кичево – Охрид во висина од 180 милиони долари.

„Не можеме да разбереме како може да постојат проекти кои притоа државата ги одобрила, а 70% од проектите се воделе како погрешни. Оттука ВМРО-Народна партија бара јавно да се обелоденат имињата на фирмите кои го правеле проектот, имињата на фирмите кои ја правеле ревизијата на проектот и проектантите кои учествувале во проектирањето притоа да објаснат во што е проблемот со целокупниот проект. Истотака бараме имињата кои ќе бидат јавно објавени, преку образовниот систем да се наложи на сите образовни институции кои се занимаваат со оваа проблематика да ги учат како пример за тоа како не треба да се работи“, вели во соопштение ВМРО – Народна. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...