Буле и Наташа, горди на Ангелина – нивната грациозна акробатка на коњ

Деновиве го видовме видеото во кое шестоодделенката Ангелина Булески им порача на своите врсници дека волтажирањето, односно, гимнастика на коњ, е спорт кој вреди да се проба. Иако кај нас нема ниту тренер, ниту клуб, ниту пак коњ, Ангелина тренира и се натпреварува во холандски клуб и досега освоила две награди, а од идната година планира да се натпреварува под македонското знаме.

167

Шестоодделенката Ангелина Булески е ќерка на еден од нашите најуспешни дизајнери Никола Булески – Буле и неговата сопруга Наташа и за нејзините родители, единствена во многу нешта, но единствена и по спортот во кој веќе освојува награди.

Станува збор за таканареченото волтажирање, односно, многу ефектна олимписка дисциплина во која волтажерите изведуваат гимнастички фигури на коњ кој галопира.

За овој спорт кај нас нема ниту тренер, ниту клуб, ниту пак коњ, па Ангелина тренира по една недела на секои три месеци во клуб во Холандија. Од истите причина таа и се натпреварува за холандскиот клуб и досега учествувала на два национални натпревари. На нејзиното деби во јули освоила трето, а на следниот натпревар во септември, го освоила првото место во својата категорија.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...