Владо Сејменовски: Направив органски производи за нега на машките бради, а потоа дојдоа жените…

Првичната идеја биле ова да бидат производи за нега на машката брада, за што сведочи и етикетата што ја носат. Но жените не се жени ако не испробаат нешто што мириса толку убаво. Сега, наместо како подарок за своите партнери, ги купуваат за нега на своите коси, а мажите конечно мора сами да се погрижат за себе.

624

„Брадата е дел од историјата, сите големи луѓе мислители и владетели имале брада“, вели нашиот соговорник Владо Сејменовски мазнејќи си ја својата долга брада која притоа испушташе прекрасна миризба на портокал и ванила.

„Да, точно, сабајлево го употребив маслото за нега на брада кое е и мојот прв производ, а тоа е токму масло со мирис на портокал, кое сѐ уште ми е едно од омилените“ признава Владо и препорачува секогаш производите да се нанесуваат еден по друг, по следнава процедура: прво се користи сапунот, потоа, откако ќе се измие брадата или косата се нанесува од маслото на малку потсушена брада и на крај се нанесува од балсамот за брада или коса кој дава му форма на влакното и го дохранува со неговите состојки кои ги нема во течното масло.

Владо Сејменовски веќе 11 години е дел од тимот на Fashion Group и работи како бренд координатор на неколку брендови кои се дел од оваа компанија.
Но она што најмногу го исполнува и во што најмногу ужива додека го прави, е производството на производи за нега на коса со кое стартувал на почетокот од 2016.година од една и единствена причина – сопствената брада.

Повеќе за ова порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...