Суперѕвездата на Оклахома Сити и НБА, Расел Вестбрук, може да има проблеми откако му се заканил на навивач и на неговата сопруга при победата над Јута со 98:89.
Дуелот беше одигран во Солт Лејк Сити, а бекот се налутил на реплика од трибините во втората четвртина и упати навреди и закани за 45-годишниот Шејн Кејзел.
– Јас нема да трпам непочитување кон мене и моето семејство. Нешто мора да се направи. Луѓето не можат да дојдат на натпреварите и да зборуваат што сакаат. Ова важи не само за мене, туку за сите играчи. Мора да има последици за такви навивачи, и ако се случи повторно, ќе реагирам на ист начин – рече Вестбрук, кој заврши со 23 поени и 11 скокови во натпреварот.
Но, Кејзел негираше дека го навредил кошаркарот и не кажал ништо, што би покажало непочитување.
– Се започна на шега, кога му дофрлив да си стави мраз на колена, и тој одеднаш се полуде. При тоа мојата сопруга ништо не му кажа. Не се плашам од него. Но, кога се закануваш на жена, тогаш си голем човек, и тоа мора да се знае – рече тој.
Истрагата продолжува.
Things get heated between Russell Westbrook and Utah Jazz fans again. “I’ll f*ck you up. You and your wife,” he says. Not sure what these fans said to him, but he also had issues with Jazz fans during the postseason. pic.twitter.com/LquwRmLVNy
— Eric Woodyard (@E_Woodyard) March 12, 2019