Белгискиот велосипедист Мишел Гулертс почина на 23-годишна возраст од срцев удар за време на трката Париз-Рубе.
Гулертс падна по 110 извозени километри од 237 километри долгата трка. Тој бил во бессознание кога пристигнаа лекарските служби, а по првите обиди за реанимација покрај патеката велосипедистот со хеликоптер беше префрлен во болница.
– Со незмерна тага мораме да соопштиме за смртта на нашиот велосипедист и пријател, кој почина во болницата во Лил опкружен од членовита на семејството. Лекарите сторија се што беше во нивна моќ да го спасат – информираше неговиот тим Веранда.
Трката продолжи и на крајот победи светскиот првак Петер Саган.