Вардар остана без лиценца за настап во евро-куповите

505

Комисијата за лиценцирање при Фудбалската федерација на Македонија врз основа на доставените барања и документација од клубовите во Прва лига, не му издаде лиценца на Вардар за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2019/2020.

– По одлуките на Комисија за лиценцирање, ФК Вардар АД – Скопје поднесе жалба до Комисија за жалби за лиценцирање. Комисијата за жалби за лиценцирање ја разгледа жалбата и ја донесе следната одлука:

Жалбата на ФК Вардар АД – Скопје се одбива како неоснована, одлуката на Комисија за лиценцирање се потврдува. Оваа одлука е конечна – објавено е на веб-страницата на ФФМ.

Покрај Вардар од прволигашите лиценца не доби само уште Победа од Прилеп.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...