Осум предупредувачки знаци кои не смеете да ги игнорирате ако сте бремени

Иако овој текст не е наменет за да ве вознемири или да ве исплаши, ако сте бремени можеби се прашувате заради кои симптоми би требало веднаш да одите на лекар, а кои можат да чекаат до следниот преглед.

442

Некои непријатности кои ги чувствувате за време на бременоста се едноставно дел од бременоста, но заради некои симптоми секако треба да побарате лекарска помош:

Крварење во било кој момент

Слабото крварење е вообичаено во раната бременост, но било кој вид на крварење во бременоста бара лекарско внимание. Иако крварењето може да значи различни нешта во текот на бременоста, ако станува збор за обилно крварење во комбинација со стомачна болка и грчеви слични на менструалните или пак се чувствувате онесвестите, тоа би можело да биде и знак за вонматерична бременост.

Обилно крварење со грчеви исто така може да биде знак за абортус во првото или рано во второто тримесечје. Наспроти тоа, крварењето со стомачна болка во третото тримесечје може да биде знак за одвојување на постелката, кое се појавува кога постелката ќе се одвои од матката пред породувањето. Во секој случај, крварење во било кој момент од бременоста не смее да се игнорира.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pexels

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...