Вардар го совлада Рајн Некар во Лигата на шампионите

Тимур Дибиров со осум погодоци беше најефикасен и еден од најзаслужните за победата.

527

Вардар на домашен терен со 29:27 го совлада Рајн Некар Левен во рамки на четвртото коло од Лигата на шампионите.

Во првите 15-тина минути од натпреварот имаше релативно израмнета контрола на теренот во која се играше гол за гол. Рајн Некар ги искористи грешките на вардаровите ракометари и до крајот на првото полувреме воспостави минимална предност, а на паузата резултатот беше 12:15.

Во почетокот на второто полувреме Вардар израмни и успеа да поведе и притоа го постави гостинскиот тим во позиција да ја намалува резултатската негатива.

„Црвено-црните“ успеваа да ја одржуваат минимална предност од два до три гола, која ја задржаа до крајот на натпреварот и реализираа победа од 29:27.

Голманот Дејан Милосављев имаше одличен настап, особено во второто полувреме со седум одбрани, а заедно со четирите од првото полувреме реализираше вкупно 11 интервенции.

Тимур Дибиров со осум погодоци беше најефикасен и еден од најзаслужните за победата.

Вардар во следното коло му гостува на Кјелце.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...