Само 48 часа по триумфот над Порто во Лигата на шампионите, ракометарите на Вардар вечерва од 20:45 часот имаат нов обврски, овојпат во регионалната СЕХА лига, а ривал е хрватски Нексе.
Тренерот на „црвено-црните“, Давид Писонеро, најави дека на овој меч ќе им даде поголема шанса на младите играчи во тимот, и сите оние кои немаа голема минутажа во ЛШ. Капитенот Стојанче Стоилов и натаму е повреден и нема да игра.
И традицијата најавува триумф на Вардар. Сите досегашни меѓусебни дуели против Нексе од 2013 година наваму во Скопје, завршувале со победа на домашниот тим