Ван Дaјк со „кисела насмевка“ по прогласувањето на Меси за играч на годината

226
ФОТО: EPA / MATTEO BAZZI

Според првичната реакција по прогласувањето на Меси за најдобар играч на годината во изборот на ФИФА, на дефанзивецот на Ливерпул, Виргил ван Дајк, не му беше сеедно.

Дваесет и осумгодишниот Холанѓанец со „кисела насмевка“ го проследи објавувањето на лауреатот.

Најголеми конкуренти на Аргентинецот беа Ван Дајк и Кристијано Роналдо.

Во сезоната 2018/19 година, Меси и помогна на Барселона да стане шампион на Шпанија, а исто така ја освои и Златната копачка за најдобар стрелец во Европа.

Од друга страна, Ван Дајк ја освои Лигата на шампионите како дел од Ливерпул, стана вице шампион на Премиерлигата и со холандската репрезентација стигна до финалето на Лигата на нации.

ФОТО: EPA / MATTEO BAZZI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...