Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, го пофали напаѓачот Лионел Меси по победата во 28-та рунда од шпанскиот шампионат против Бетис (4:1).
Аргентинецот забележа „хет-трик“ и беше поздравен со овации од навивачите на противникот.
– Сите сме многу среќни што живееме во ерата на Меси, а навивачите на Бетис реагираа на неговата претстава. Иако Лео ги повредува, тие уживаат во неговите потези – рече Валверде по мечот.
ФОТО: EPA / ALEJANDRO GARCIA