Триесет и едногодишната Кристина Кулчар ја измасакрирала мајката на својот сопруг, 59-годишната Ибоја Варга, во дворот од нивната куќа во Србија, па со насмевка на лицето ги шетала децата по селото, пренесува „Курир.рс“.
Кристина била во шести месец од бременоста.
Злосторството се случило нешто пред девет часот, по расправија на двете жени околу ручекот.
– Кристина на Ибоја ѝ зарила нож во грбот. Ранетата се обидела да побегне на улица и да побара помош од соседите, но снаата ја стигнала и ја докрајчила со вила – рекол извор за медиумот.
Го гледала сопругот со насмевка
Золтан Варга, син на убиената и сопруг на Кристина, за медиумот вели дека не може да поверува што се случило. За тоа што се случило, го известила пријателка на неговата мајка додека бил на работа.
– Ми рече веднаш да дојдам, Кристина со вила ја избодела мајка ми. Со шефот се упатив кон куќата, а во еден момент покрај нас помина возилото на Брзата помош. На игралиштето, кое се наоѓа недалеку од нашиот дом, ја најдов Кристина со нашите синови, кои имаат две и четири години. Ја прашав што направила. Само се насмеа и ми рече „Ја убив твојата мајка“. Ги зедов децата и реков дека не вреди да бега. Тогаш дојде полицијата – раскажал тој.
Се лечела на психијатрија
Золтан кажал дека ја видел својата мајка мртва во дворот.
– Видов страшна глетка. Медицинскиот персонал ја заврте мајка ми, а ножот ѝ висеше од грбот. Сосетката ми рече дека го видела убиството, но дека не смеела да ѝ пријде на Кристина. Кажа дека таа прво ја турнала мајка ми, а кога паднала, Кристина ѝ ги згазила рацете и почнала да ја боди со вилата. Едното око целото ѝ беше ископано, а по телото и вратот ја избодела десет пати – раскажал тој.
Според него, немало знаци дека ќе дојде до ваков хорор.
– Пред да отидам на работа, убаво си разговараа. Со кафе се согласија дека не треба да готват, бидејќи има доста храна од претходниот ручек. Потоа слушнав дека се расправале за руечк – рекол тој.
Додал дека неговата жена имала психички потешкотии.
– Три пати лежеше на невропсихијатрија во Нови Сад, а се лечеше и во Специјалната болница за психијатриски болести во Нови Кнежевац. Таму беше шест месеци. Кога од болницата минатиот јануари ми бараа да потпишам за да ја пуштат, одбив. Им реков дека нема да одговарам за неа бидејќи неколку пати беше агресивна. Меѓутоа, нејзините родители дале согласност за да излезе – рекол тој.
Според неговите зборови, Кристина некое време живеела кај своите родители во Германија.
– Нејзиниот татко ми рече „Немој да ја присилуваш мојата ќерка да пие лекови. Таа не е луда“. И еве што направи сега. Него му кажав по телефон што направи Кристина. Инаку, таа има ќерка од претходниот брак, која живее со нејзините баба и дедо – додал Золтан.
ФОТО: Курир.рс / Саша Урошев