– Европската унија мора да биде подготвена Западен Балкан навистина да го постави како свој геополитички приоритет и политичките судири на Западен Балкан да ги обликува како борба ЗА или ПРОТИВ Европа. Ваквиот пристап ќе помогне да се оддржи стабилноста и влијанието во сопствениот двор, оптоварен со проблеми – подвлече Брегу.
Зборувајќи на панелот „Западен Балкан – оддалечување од Европа“, Брегу потенцираше дека „Западен Балкан припаѓа на европскиот ланец на вредности и мора цврсто да остане на патот на демократијата, слободата, правата на поединецот и на оддржливиот развој“.
Таа додаде дека „долгото чекање на вратите на Европа во голема мерка веќе влијае врз регионот“ и дека ООН проценува дека до 2050 година Западен Балкан би можел да загуби 14 отсто од своето население, а посебно загрижувачки е одливот на висококвалификуваната работна сила, бидејќи во огромна мерка ја сочинуваат младите.
За да се промени тоа, а негативните трендови да се свртат, не е доволно задачите да се извршуваат само поради бирократски процеси и квантитативни мерења“, додаде Брегу.
ГЛОБСЕК форумот се одржува во Братислава по 14-ти пат и е еден од највлијателните безбедносни и стратегиски форуми на кој учествуваат политичари, тинк-тенк и бизнис елитата од цела Европа и цел свет.
РСС е еден вид извршно тело на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа чиј основач и полноправен член е и Република Северна Македонија.
Photo: EPA / LASZLO BELICZAY