Борис Бекер го продава имотот вреден милиони, но фотографиите од дворецот покажуваат руина ФОТО

Борис Бекер го продава имотот вреден милиони, но никој не сака да го купи

2552

Имотот на поранешниот славен тенисер Борис Бекер, во Мајорка, веќе со години безуспешно се продава, а ценатат во моментот изнесува 10,5 милиони евра. Меѓутоа, Германецот Џорџ Берес, што живее на овој имот изминативе 18 месеци, тврди дека „никој не сака ни цент да плати за имотот“.

Со оглед на тоа дека со години бил напуштен и занемарен, огромниот имот на поранешниот тенисер, кој некогаш личел на замок, сега е запуштен.

Спомнатиот Германец Берес моментно престојува на имотот и се грижи за коњите и козите на Бекер, оставени на имотот, бидејќи поранешниот градинар на тенисерот ги отфрлил.

Берес наведува дека планира да остане на имотот следните десет години, како и да го нарече „Недојдија“, како што се викаше имотот на починатата поп-ѕвезда Мајкл Џексон.

Имотот на Бекер веќе не изгледа луксузно како на фотографиите кои сè уште стојат на веб-страницата на една агенција за продажба на недвижности.

– Тие сепак сакаат да го продадат, цената е 10,5 милиони евра. Тоа е смешно. Но, никој не сака да го купи – рекол Берес.Борис Бекер, кој своевремено му беше тренер на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, веќе со години не може да се справи со финансиските проблеми. Тој пред две години банкротираше.Во лондонскиот Суд за банкрот адвокатите на Бекер не успеаја да пружат доволно докази дека тој ќе ги исплати своите долгови кои датираат уште од октомври 2015 година.
Фотографиите можете да ги погледнете тука.

FOTO: REX/Fejsbuk/GETTY

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...