Актерката Амбер Херд на судско рочиште детално опишала како изгледал бракот со Џони Деп велејќи дека под дејство на алкохол, дрога и лекови ја малтретирал.
Нивниот брак заврши во 2016 со вадење на валканиот веш, а потоа продолжи во судница каде сѐ уште нема разврска. Актерката го обвини за семејно насилство, а тој возврати дека таа само сака да извлече пари. Деп тогаш и плати седум милиони долари за повеќе да не зборува за нивната врска, а Амбер тоа го прекрши во декември минатата година. Сега Деп ја тужи и бара 50 милиони долари отштета.
Неодамна е одржано уште едно рочиште, кога Амбер до детали раскажувала за нивниот заеднички живот.
– Кога беше на алкохол и дрога, тој беше насилник и монструм. Комбинираше друга и лекови и во тие моменти бев преплашена. Потоа не се ни сеќаваше што правел. Го сакав и затоа верував дека ќе се промени, но сето тоа беше лага – раскажувала актерката.
Медиумите исто така пренесуваат и дека адвокатите на Џони Деп испратиле судски повици до Амбер Херд, „нејзините пријатели измамници” и на поранешното момче, милијардерот Илон Маск.
– Повиците се упатени кон секој, кој ѝ помагал на Амбер во оваа измама и сакаме да ги сослушаме со лавина од снимени докази, како фотографски, така и клипови, кои се во колизија со нивните тврдења во корист на Херд – изјави адвокатот Адам Волдман.
-Амбер клеветеше, лажеше на суд и намерно му наштети на мојот клиент. За жал, тоа не е сè, ние во моментов разговараме со повеќе жени кои биле цел на нејзино насилство” – додаде тој.