Само што се пресели, Меган Маркл веднаш ги разлути вработените

2182

Меган Маркл со принцот Хари се пресели во новиот дом во Frogmore Cottage и веднаш штом се сместиле во новата резиденција, војвотката решила да воведе промени кои наишле на негодување кај нивните вработени.

Меган, како што пишува „Дејли мејл“, им забранила да го користат паркингот кој се наоѓа во непосредна близина на нејзиниот нов дом кои досега со години го користеле. Своите автомобили вработените ќе мора да ги паркираат на километар ипол оддалеченост, во близина на јавниот парк на кралот Едвардс.

Официјалното објаснување е дека таа одлука ја донел управителот на дворецот „Виндсор“ во чиј склоп е и резиденцијата на Меган и Хари, но вработените се уверени дека зад таквата одлука всушност стои војвотката.

Меган и Хари сакаат да имаат приватност бидејќи наскоро таа ќе се породи и двајцата одлучиле дека за разлика од принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, тие нема веднаш да соопштат јавно кога ќе дојде бебето. Тоа ќе го напрат кога ќе сметаат дека се спремни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...