Биатлонот во прашање, ЕК може да забрани употреба на олово во спортот

370

Европската комисија ја разгледува можноста за целосна забрана за употреба на олово во спортови на отворено. Ова може да има сериозни последици за биатлон, пренесуваат светските медиуми.

Европската комисија побарала од Европската агенција за хемикалии да развие и да го проучи прашањето за забрана на еколошки штетни материи во спортовите на отворено, вклучително и оловото. Во моментот, не постои алтернатива на олово за производство на патрони што се користат во биатлон.

Норвешката компанија „Намо“ се обиде да најде други опции, но безуспешно. Директорот за комуникации на „Намо“, Андре Лунд, смета дека таквата одлука ќе му стави крај на биатлонот во сегашната форма.

– Секако, ова го сфаќаме сериозно. На крајот на краиштата, оружјето е важен дел од нашиот спорт и во моментов немаме алтернатива за муницијата. Забраната за употреба на олово на спортски настани може да стапи во сила од 2022 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...