
Бен Афлек (47) е во врска со Ана де Армас Касо (31), кубанско-шпанска актерка.
Славниот актер првпат блискоста со Ана ја покажа на снимањето на еротскиот трилер „Deep Water“, на 13 ноември, 2019 година, во кој глумеа брачен пар.
Меѓутоа, сега шпекулациите за нивната врска се сувишни, откако парот е виден во родната Куба на Ана.
Имено, тие вечерале во еден ресторан во Хавана, од каде испливала заедничка фотографија со шефот на кујната на локалот во кој уживале.
Во светските медиуми чест коментар е дека ова е „најубавата девојка на Афлек некогаш“, со што баш и не се согласуваат фановите на Џенифер Гарнер, неговата поранешна сопруга.
Бен за време на вечерата носел едноставна сина маица и беж панталони, додека Ана блескала во црно-бел фустан.
Што се однесува до 31-годишната Де Армас, таа треба да се појави во новиот филм на Џејмс Бонд „Нема време за умирање“, чија промоција е закажана за 25 ноември.
Убавицата дебитирала во 2006 година во шпанскиот филм „Una rosa de Francia“. Во 2005 година го снимила првиот американски филм „Knock Knock“, а потоа следувале улогите во „Hands of Stone“ и „War Dogs“.
Играла во остварувањето „Blade Runner 2049“ (2017), како и „Knives Out“ (2019).
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин