Белгија ја победи Англија во натпреварот за третото место

Утре од 17 часот во финалето на СП ќе играат Франција и Хрватска

364

Во претпоследниот дуел од Светското фудбалско првенство 2018, селекцијата на Белгија попладнево ја победи Англија со 2:0 и го освои третото место.

До бронзата Белгија стигна со головите на Томас Муние во 4. минута и Еден Азар во 82. минута. Белгија и во групната фаза ја победи Англија (1:0).

За Белгијците ова е најдобар резултат во историјата на Мундијалите. Тие на СП 1986 година во Мексико стигнаа до 4.место.

Утре од 17 часот во финалето на СП ќе играат Франција и Хрватска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...