Рускиот претседател Владимир Путин се гордее со руската фудбалска репрезентација, пренесе агенцијата Интерфакс, повикувајќи се на портпаролот на Кремљ кој тоа го кажал откако Хрватска синоќа ја порази Русија во четвртфиналето на Светското првенство.
– Путин гледаше и навиваше за својата репрезентација. Изгубивме во чесен и величествен натпревар. Тие за нас и понатаму се големи, тие се херои. Гинеа на теренот, се гордееме со нив – рекол портпаролот на Крмљ, Димитриј Песков.
Руската агенција РИА додава дека Путин во саботата два пати разговарал со рускиот селектор, пред натпреварот за да им посака среќа и по натпреварорт за да им оддаде признание на силната игра и досега најдобриот пласман на руската репрезентација.