Ахмети носител во „шестката“, Џафери во петтата ИЕ, Меџити во „кецот“

ДУИ ја состави листата на носители на кандидати за пратеници за претстојните избори.

455

ДУИ ја состави листата на носители на кандидати за пратеници за претстојните избори, објави Алсат-М.

Претседателот на партијата Али Ахмети ќе биде носител во шестата изборна единица, Талат Џафери во петтата изборна единица.

Во тројката носител ќе биде поранешниот министер за економија Беким Незири, во втората изборна единица носител ќе биде министерот за образование Арбр Адеми, и во првата изборна единица носител ќе биде партискиот потпретседател, Изет Меџити.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...