ОБНОВЕНО Коронавирусот не ја одмина Бугарија, четворица заразени

122

Во Бугарија се регистрирани првите два случаи на новиот коронавирус. Едниот е во Плевен, а вториот во Габрово, соопшти синоќа на полноќ Националниот оперативен штаб.

Како што јави БГНЕС, првите пациенти се 27-годишен маж и 75-годишна жена. Тие се хоспитализирани во своите градови и се во добра здравствена состојба.
Веќе се испитуваат лицата кои биле во контакт со инфицираните.

Заразените лице на патувале во странство, а дополнително ќе се истражува кој бил нултиот пациент.

 

ОБНОВЕНО

Во Бугарија се регистрирани уште два случаи на новиот коронавирус, со што бројот на инфицирани се искачи на четири. Новите два случаи се исто така во Габрово и во Плевен.

Премиерот Бојко Борисов претпоставува дека нултиот пациент пристигнал од Грција.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...