Калчолигашот Аталанта излезе со официјална изјава по натпреварот од 4. коло од италијанскиот шампионат против Фиорентина (2:2). Реакцијата се случи по расистички скандирања на нејзините навивачи кон дефанзивецот на Фиорентина, Далберт.
– Нашиот клуб категорично се спротивставува на каква било форма на дискриминација. Аталанта секогаш се залагаше за принципите на еднаквост и солидарност. Ние мора да се бориме заедно против мал грст луѓе без морални принципи. Расистите мора да бидат изолирани од фудбалот – стои во соопштението на Аталанта.
Барање за спречување на се почестите расистички испади, до надлежните во италијанскиот фудбал вчера упати и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
ФОТО: EPA / CLAUDIO GIOVANNINI