Ангеловски пред мечот со Австрија: Нема да отстапам од нашиот стил на игра

136

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар против Австрија од квалификациите за ЕП 2020 информираше дека Елиф Елмас поради повреда на зглобот на ногата е неизвесен за мечот против Австрија.

Тој додаде дека сите други се во комбинација и конкурираат за место во тимот на утрешниот дуел на Националната арена „Тодор Проески“ и дека тимот ќе освои бодови против силниот проитвник.

– Мора да настојуваме да бидеме на висината на задачата. Ние во континуитет играме добро, тоа не беше само со Полска, туку и со Словенија и Летонија. За жал тоа не ни донесе резултат, но се надевам дека со Австрија ќе дојдеме до бодови. Немам намера да отстапам од нашиот стил на игра и понатаму. Австрија си има свои квалитети, имавме можност да го изанализираме нивниот натпревар со Словенија во кој славеа. Имаат индивидуални квалитети, но и како тим се доста добри. Се работи за крај на сезона, но мислам дека ќе останат во својот бундеслигашки стил и се потпираат на дуел-игра и трчање – изјави Ангеловски.

Дуелот во Скопје утре почнува од 20,45 часот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...