Алжир е втор финалист на Африканскиот куп на нации. Ова се случи откако „пустинските лисици“ забележаа тешка победа од 2:1 над Нигерија во судирот меѓу двата тима во полуфиналето
Големиот херој за Алжирците беше ѕвездата на Сити, Ријад Марез, кој го постигна победничкиот гол во петтата минута од дополнителното време на натпреварот.
Претходно, Вилијам Трост-Еконг си постигна авто-гол во 40-тата минута и донесе водство на Алжир, но „супер орлите“ израмнија од пенал преку Одидо Игало во 73. минута.
По победата, Алжир во големото финале ќе се соочи со Сенегал, кој во првиот натпревар вчера го совлада Тунис со автоголот на Брон во 100-тата минута од продолжението.
Натпреварот ќе се одигра на 19 јули, петок, од 21 часот по македонско време.
ФОТО: EPA / STR