Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа им издал наредба на српските безбедносни служби да ја подигнат својата подготвеност за евентуален нов бран мигранти.
Како што пренесува агенцијата БИА, доколку мигрантите евентуално успеат да ја поминат грчко-македонската граница, тогаш Србија целосно ќе ја затвори границата со Македонија и нема да дозволи влез за ниту еден бегалец.
Вучиќ неколкупати повторува дека нема намера неговата држава да се претвори во паркинг за мигранти.
Фото: EPA-DJORDJE-SAVIC