Во Индија изваден заб долг речиси четири сантиметри

209

Зaболекар од индиската сојузна држава Мадја-Прадеш тврди дека на еден пациент му извадил заб со должина од 39 милиметри. Се чини, тоа е нов рекорд.

Просечната должина на човечките заби е околу два сантиметра. Гинисовата книга на рекорди, пак, во овој миг вели дека досега најдолгиот заб бил долг 3,72 сантиметра, отстранет од германскиот заболекар Макс Лукас пред две години.

Должината на најдолгиот млечен заб, регистриран во Гинисовата книга, е 24 милиметри.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...