Состојба со Ковид-19 во светот до 9 часот: Бебе старо 45 дена е позитивно на новиот коронавирус, јавија италијанските медиуми

Здравствените власти во Ирска соопштија за првиот случај на зараза кај човек кој не патувал во регион зафатен со коронавирусот. Во земјата веќе има 13 заразени.

919

Бројот на заразени со новиот коронавирус според последните податоци изнесува 98.437 луѓе во целиот свет.

Досега од последици од вирусот починале 3.387 лица, а излекувани се 55.659 луѓе.

– Бутан денеска соопшти дека во земјата е потврден првиот случај на Ковид-19. Се работи за 76-годишен американски турист кој на 2 март пристигнал во Бутан од Индија.

– Кинеските власти денеска соопштија за 30 нови смртни случаи, со што вкупниот број на починати во Кина достигна 3.042 лица. Од 3 март бројот на починати од новиот коронавирус во Кина е меѓу 30 и 40 лица. Денешната бројка на смртни случаи е најниска од 27 февруари.

– Во Јужна Кореја во последните 24 часа се регистрирани 518 нови заразени и седум починати. Вкупниот број на заразени сега изнесува 6.284, со 42 жртви.

– Италијанските медиуми јавија дека бебе старо 45 дена е позитивно на новиот коронавирус.

– Унгарија го потврди третиот случај на зараза со новиот коронавирус.

– Здравствените власти во Ирска соопштија за првиот случај на зараза кај човек кој не патувал во регион зафатен со коронавирусот. Во земјата веќе има 13 заразени.

– Белата куќа не успеа да испорача доволно опрема за тестирање на коронавирусот.

– Брод на еквадорската морнарица со 50 луѓе е во карантин откако е утврдено дека еден член на екипажот бил во контакт со првото заразено лице во земјата. Сите морнари моментално се негативни, но сепак се ставени во изолација.

– Во карантин се и дански фудбалери од клубовите Брондби и Лингби. Клубовите минатиот викенд играле натпревар, а дополнително е утврдено дека еден пензиониран играч бил заразен со коронавирусот. Во карантин се 13 лица од Брондби и три од Лингби.

– Во Рим е регистриран првиот смртен случај од Ковид-19. Се работи за жена која имала кардиоваскуларни проблеми.

– Вработените на Гугл во Калифорнија добиле можност да работат од дома.

– Во Иран се регистрирани 3.513 заразени, а починале 108 лица.

– Во Индија се регистрирани нови случаи и во земјата сега има вкупно 30 случаи на инфекција.

– Во САД починале 14 лица.

– Палестинскиот претседател Махмуд Абас прогласи 30-дневна вонредна состојба на Западниот брег каде се регистрирани седум случаи на заразени со новиот коронавирус.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...