За да се соберат пари за санација на штетата, на продажба се најде книгата „Angels Limited Edition“, во која се наоѓаат и разголените уметнички фотографии на Адријана Лима.
Целиот приход од продажбата ќе биде пренасочен на организацијата Ealliance.org/amazonfund.
Една од најубавите жени на светот, 38-годишниот топ-модел Адријана Лима вети дека на својата родна земја Бразил и самата ќе донира пари, независно од продажбата на книгата, бидејќи смета дека ситуацијата е повеќе од сериозна.
Адријана токму овие фотографии ги објави на својот Инстаграм-профил.
Со пораката и попратните линкови објави и црно-бели фотографии на кои е целосно гола, и му се заблагодари за идејата на својот пријател, фотографот Расел Џејмс.
Убавата манекенка на тој начин им се приклучи на многубројни ѕвезди кои изразија загриженост за зачувувањето на Амазонија.
Фотографиите можете да ги погледнете тука.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин