Андријана Будимир во тимот на Наумче Мојсоски

3000

Поранешната ракометарка Адријана Будимир и поранешната кошаркарка Едина Муса се вклучени во Комисијата за спорт на СДСМ која ја предводи поранешниот ракометен репрезентативец Наумче Мојсоски.

„Тоше Гечевски и Едина Муса, од ракометот ќе бидат Адријана Будимир, Гоце Макалоски, Владо Недановски, од фудбалот се Игор Митревски и Никола Ѓошевски. Во Комисијата ќе бидат вклучени и атлетичарката Дрита Ислами и каратистот Емил Павлов“, ги потврдува своите соработници Мојсоски во најавата за интервју за 24Ракомет.

Мојсоски на почетокот на месецов доби функција во владејачката партија и ќе ја предводи Комисијата на спорт на социјалдемократите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...